Обичното заминување од теретана за инфлуенсерката Дилјара Хамзина се претвори во шокантен и застрашувачки момент кога пренослив полнач што го носела во својата чанта одеднаш експлодирал.
За само неколку секунди, од уредот почнал да излегува густ чад, кој брзо се претворил во отворен пламен. Огнот ја зафатил нејзината коса и десната страна од телото, создавајќи паника и хаос во просторијата.
Инцидентот се случил додека 27-годишната инфлуенсерка од Казахстан се подготвувала да ја напушти теретаната. Снимките од безбедносните камери го забележале моментот кога чантата што ја носела преку рамо почнала интензивно да чади, а потоа ненадејно се запалила веднаш до нејзиното лице.
Веста ја пренесува Kurir.rs
