Фото: Принтскрин
Десет лица го загубија животот, а најмалку 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Пакистан, откако патнички автобус се судрил со цистерна која превезувала течен нафтен гас (ЛПГ). По силниот судир, двете возила се запалиле, а огнената стихија брзо ги зафатила.
Според полициските информации, пожарот бил толку силен што патниците се нашле заробени во автобусот. Осум тела биле извлечени од автобусот, а уште две од цистерната. Меѓу загинатите има и деца, додека повредените, меѓу кои жени и деца, биле пренесени во болници на лекување.
