Фото: Принтскрин
Управата за јавни приходи (УЈП) даде објаснување за апликацијата „Мој ДДВ“ која не работи неколку денови, односно се соочува со проблеми.
„Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање“, велат од УЈП.
Повеќе информации се очекуваат наскоро за тоа кога ќе бидат надминати потешкотиите во функционирањето на „Мој ДДВ“.
