Фото: Принтскрин
Нови детали открива истрагата за смртта на 23-годишната руска државјанка која беше пронајдена мртва пред станбена зграда на Златибор.
Мажот кој бил со неа во изнајмениот апартман во моментот на трагедијата бил сослушан во полиција, по што бил пуштен, но привремено му бил одземен пасошот.
Според информациите што ги објави „Курир“, тој пред полицијата изјавил дека се наоѓал во бањата кога девојката паднала од висина. Наводно, таа сама скокнала од терасата, но неговата изјава и останатите околности сè уште се предмет на проверки.
