Фото: Принтскрин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски не прифаќа Украина да се откаже од дел од својата територија во замена за безбедносни ветувања од САД.
Во пресрет на новата рунда преговори за завршување на војната, тој откри дека американската страна бара од Киев да го препушти Донбас на Русија, нудејќи му за возврат гаранции кои би биле само „нешто слично на НАТО“.
„Слично на НАТО? Но, за Донбас не барате ‘сличен’ одговор. За Донбас сакате јасен одговор. Тоа е вашата цел, а тоа денес е и целта на Путин. Што ќе направите ако добиеме гаранции, но не и членство во НАТО?“, праша украинскиот претседател.
