Фото: Принтскрин
Сериозен инцидент меѓу малолетнички е пријавен во Кавадарци, каде две девојки нападнале трета, при што едната ја држела, а другата ја горела со цигара. Случајот во полиција го пријавила мајката на нападнатата девојка.
Според пријавата, нападот се случил на 16 ноември на улицата „Сремски фронт“ во Кавадарци. Мајката на малолетничката на 18 ноември во 22:30 часот пријавила во полицијата дека нејзината ќерка била физички нападната од две други малолетнички.
Едната од девојките ја држела жртвата, додека другата ја горела со цигара, наведува во пријавата мајката.
„На 18.11.2026 во 22:30 часот во ОВР Кавадарци, Е.К.(35) од Кавадарци пријавила дека на 16.11.2026 на улица Сремски Фронт во Кавадарци, нејзината малолетна ќерка била нападната од други две малолетнички, од кои едната ја држела, а другата ја горела со цигара. Известен бил јавен обвинител, Центар за социјални работи Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштија од МВР.
