Фото: Принтскрин
Нов случај на насилство меѓу малолетници е пријавен во Скопје, откако група малолетници физички нападнала ученик во основно училиште на подрачјето на Радишани.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 18 ноември во 23:10 часот во СВР Скопје од страна на 33-годишна скопјанка. Таа посочила дека нападот се случил истиот ден, околу 17 часот, во училишниот тоалет.
„На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР Скопје, С.М.П.(33) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во тоалет од основно училиште на подрачјето на Радишани, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, се вели во соопштението на МВР.
