Фото: Принтскрин
Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин се согласуваат дека Обединетите нации треба да претрпат реформи, но зад заедничкиот став на тројцата светски лидери се крие различна визија за иднината на меѓународните односи и улогата на глобалната организација.
Трамп често ја критикува работата на ОН, обвинувајќи ги дека се движат во насока на глобалистичка политика, додека Москва и Пекинг настојуваат организацијата да остане централно место за решавање на меѓународните спорови.
Трамп во повеќе наврати упатуваше остри критики кон Обединетите нации. Тој смета дека организацијата не ја исполнува својата основна задача, а претходно ја обвини и дека промовира политичка агенда зад која стојат неизбрани бирократи.
