Фото: Принтскрин
Силно невреме со обилни врнежи, грмежи и пороен дожд вчера го погоди Белград, предизвикувајќи хаос на улиците и сериозни проблеми во сообраќајот. За кратко време големи количества вода се собраа на коловозите, а бројни улици се претворија во вистински порои.
Драматичните сцени од српската престолнина брзо се проширија на социјалните мрежи.
На снимките се гледаат автомобили како се пробиваат низ поплавените улици, пешаци кои тешко се движат, но и делови од градот во кои водата се собираше во огромни количества.
