Фото: Принтскрин/Фото: Facebook/Boderiste Brcko Distrikt
Полицијата во Брчко уапси маж осомничен за бруталниот напад со нож врз католичкиот свештеник Филип Маршиќ, кој пред два дена беше повреден во црковниот објект во местото Боќ, во близина на Брчко.
Според досегашните информации, маскиран напаѓач го пресретнал и, заканувајќи му се со нож, побарал да му даде пари.
Потоа дошло до физичка пресметка, во која Маршиќ бил избоден дури седум пати – четири рани во пределот на градниот кош и три на раката.
Фото: Facebook/Boderiste Brcko Distrikt
