Фото: Принтскрин
Србија се соочува со силно влошување на временските услови, а метеоролозите предупредуваат на олујни, па дури и оркански налети на ветер, кои на одредени подрачја може да достигнат брзина до 110 километри на час.
Според најавата на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), најсилните удари на западниот и северозападниот ветер се очекуваат во Војводина, западните и централните делови на земјата, како и во Белград.
