Драматични сцени се случувале пред семејниот дом на популарната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, откако нивниот луксузен автомобил бил зафатен од пожар во текот на вечерта.
Возилото било паркирано пред нивната куќа во белградската населба Бежаниска коса, а околностите под кои избувнал огнот засега не се познати.
Набргу по инцидентот, пред семејниот имот пристигнала полицијата, која започнала со увид и утврдување на причините за пожарот. Полициско комбе било паркирано пред вилата, додека околината била обезбедена од надлежните служби.
Во еден момент Александра и Филип излегле од својот дом за да разговараат со полицајците. Според фотографиите и снимките од местото на настанот, пејачката изгледала видно вознемирено. Таа нервозно се движела по улицата и во неколку наврати се држела за главата, додека Филип постојано бил покрај неа, ја прегрнувал и се обидувал да ѝ даде поддршка.
Ролетните на прозорците од нивниот дом биле спуштени, а полициските екипи продолжиле со работата на терен.
Пожарот не предизвикал штета само на автомобилот на познатиот брачен пар. Пламените јазици се прошириле и на автомобилот паркиран веднаш до нивниот, при што и тоа возило претрпело оштетувања.
На џипот на Александра и Филип најзабележителни се последиците на предниот лев дел, каде што се оштетени калникот, фарот, предната маска и браникот. Видливи се и гребнатини, пукнатини и траги од пожарот.
Штета има и на соседниот автомобил, на кој е зафатен предниот десен дел, вклучувајќи го и фарот.
Засега нема официјално соопштение за тоа што точно го предизвикало пожарот, ниту дали станува збор за намерно предизвикан инцидент. Истрагата треба да ги утврди сите детали за настанот.
Веста и видеата ги пренесува: Telegraf.rs
