Во духот на љубовта, верата и семејните вредности, во Кавадарци се одржа несекојдневен настан на кој 39 брачни двојки го крунисаа својот заеднички живот со црковна венчавка.
На 15 ноември, во храмот „Св. вмч. Димитриј“, паровите ја примија светата тајна брак без никакви финансиски трошоци. Оваа заедничка венчавка се реализираше со благослов на митрополитот Повардарски, г. Агатангел, како иницијатива посветена на значењето на бракот, љубовта и семејството.
Пред Бога, младенците го потврдија ветувањето за заеднички живот, споделувајќи еден од најзначајните моменти во своето семејство. Храмот беше исполнет со емоции, радост и свечена атмосфера, а настанот испрати силна порака за вредноста на љубовта, меѓусебната почит и духовното единство.
Од храмот упатија искрени честитки до сите 39 брачни двојки, со желби нивниот заеднички пат да биде исполнет со здравје, среќа, разбирање и Божји благослов.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
