Фото: Принтскрин
Лидерот на опозицијата во Србија, Александар Вучиќ се огласи на социјалните мрежи, коментирајќи ги наводните ветувања на „Студентската листа“ кон Европската Унија и нивните можни последици за идната политика на Србија.
Тој посочи дека во интервјуто се споменувало усогласување на надворешната политика на Србија со политиката на Европската Унија, што, според Вучиќ, би подразбирало воведување санкции кон Русија, како и преземање одредени обврски во врска со Косово и Метохија.
Вучиќ направи паралела со периодот на владата на Зоран Заев и Преспанскиот договор, предупредувајќи дека Србија треба внимателно да ги разгледа своите национални интереси и идните политички чекори.
„Ве потсетува ли сето ова на нешто? Се сеќавате ли на таквите пофалби за владата на Зоран Заев и Преспанскиот договор? Го сменија името на државата, направија сè, а на крајот не направија ништо?
Само ги молам сите луѓе во оваа земја, како и оние од редовите на нашите противници кои размислуваат за нешто слично, да го имаат тоа предвид. Добро да размислат за тоа каква е иднината на Србија, дали имаме свои национални интереси и дали сакаме да ги штитиме.
Многу, многу, многу сум загрижен и на нивно место исклучително би внимавал што треба да направиме“, кажа Вучиќ.
