Фото: Принтскрин
Македонската ракометна репрезентација славеше со 41-23 против Луксембург на стартот на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2028 година.
Нашите ракометари сигурно го отворија натпреварот и стигнаа до предност од 9-1, откако нападот функционираше одлично, а голманот Мартин Томовски не дозволуваше да се тресе неговата мрежа.
Македонија ја забави играта во продолжение од полувремето, а на паузата замина со 20-10, по што во вториот дел без проблеми ја зголемуваше предноста до убедливи 41-23.
Најефикасен во македонскиот состав беше Костески со шест голови, додека Петковски и Серафимов погодија по пет пати.
Следниот предизвик на Македонија е мечот против Грција на 8 ноември.
