Фото: Принтскрин
Украинската воена разузнавачка служба објави проценки според кои Русија располага со залихи од околу 700 балистички ракети и неколку илјади крстосувачки проектили од различни типови.
Во извештајот објавен на 4 ноември, украинското разузнавање наведува дека Русија, и покрај западните санкции и големата потрошувачка на ракети во војната во Украина, успева да ги обновува своите воени резерви и да одржува високо ниво на производство.
Според проценките, Русија располага со околу 115 ракети 9М723 за оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“. Месечно се произведуваат околу 65 вакви проектили.
Дополнително, Москва поседува до 400 ракети РМ-48У за системите С-400, како и повеќе од 600 противбродски ракети „Оникс“, вклучително и нивни модернизирани верзии.
Во рускиот арсенал, според истиот извештај, има и повеќе од 120 хиперсонични ракети „Циркон“ 3М22.
