Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне во источниот дел на Македонија.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил во 14:29 часот, со епицентрално подрачје на околу 10 километри североисточно од Берово.
Жариштето на земјотресот било на длабочина од приближно 15,3 километри.
Станува збор за земјотрес со релативно слаба магнитуда, а засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.
Веста ја пренесува Plusinfo.mk

