Фото: Принтскрин
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен денеска кажа дека Русија повторно се однесува „неодговорно и опасно“ кон Европа.
Таа го наведе примерот со инцидентот со рускиот воен брод во близина на Данска и влегувањето на дрон во воздушниот простор на Литванија.
„Рускиот брод испали сигнални ракети кон дански хеликоптер. Овие инциденти не се изолирани. Тие се дел од поширокиот опсег на руска агресија и провокации кон Европа, со кои ја тестираат нашата подготвеност“, кажа таа.
