Драматични моменти се забележани за време на телевизиски пренос во живо од јужен Либан, кога проектил погодил област во непосредна близина на новинарска екипа.
Во инцидентот биле повредени новинар и снимател од телевизијата Ал Манар, медиум поврзан со Хезболах. Нападот се случил додека новинарот известувал за претходен напад во регионот.
Според информациите објавени од телевизијата, двајцата повредени се во стабилна состојба. Тие биле пренесени на лекување и подложени на оперативни зафати.
Инцидентот се случил во период на засилени израелски воздушни напади врз цели во јужен Либан. Израелските власти наведуваат дека нападите се одговор на активностите на Хезболах во регионот.
Веста ја пренесува Bbcnewsnasrpskom.
