Фото: Принтскрин
Голем број медиуми објавија дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да биде кандидат за генерален секретар на Обединетите нации.
На овие информации реагираше и украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, кој испрати иронична порака.
Сибиха кажа дека Орбан, доколку ја преземе функцијата, би можел да ги користи своите „вештини за вето и уцени“.
Засега, сепак, нема официјална потврда дека Орбан е кандидат.
