Фото: Принтскрин
Лидерот на опозицијата, Александар Вучиќ објави порака на социјалните мрежи откако група луѓе упадна во просториите на телевизијата „Информер“.
„Почитувани граѓани, вечерва бевме сведоци на насилство без преседан. Монструозно насилство, упад во „Информер“, напад врз слободата на изразување, слободата на јавниот збор и слободата на новинарството. Интересно е што никој не смее да каже ниту збор за тоа. Молчи Европската Унија, молчат сите, молчат многу новинарски здруженија, многу колеги новинари, бидејќи веројатно имаат право да се изживуваат врз Драган Вучиќевиќ. Да го направевме ние тоа со Н1 или Нова С, кои десет пати кажувале пострашни работи од што било што Вучиќевиќ го кажал за блокадерите, ќе бевме најголемите насилници, диктатори, автократи, којзнае што уште не. Меѓутоа, тука има нешто многу поопасно“, кажа Вучиќ.
