Фото: Принтскрин
Несекојдневен херојски чин се случил денеска на плажа во областа Олимпијада, Грција, каде што големите бранови предизвикале опасна ситуација за едно семејство од Бугарија.
Според сведоштвото објавено од мајката на Михаил, семејството било повлечено од силните бранови, по што жената почнала панично да бара помош.
Во тој момент, без да се двоуми, во морето влегол Михаил, кој прво успеал да ја извлече жената на безбедно, а потоа им помогнал и на детето и на таткото.
Неговиот храбар потег предизвикал воодушевување кај присутните на плажата.
„Денеска на плажата морето збесна со огромни бранови. Едно семејство од Бугарија беше однесено од брановите. Жената панично почна да бара помош. Од цела плажа, скокна син ми Mihail, ја извлече прво жената, па детето и на крај таткото. Цел народ од плажата му аплаудираше и еве сега го седнаа во кафана да јади да пие да ужива. Ова го пишувам, со плачење, од бескрајна среќа во каков човек израсна Михаил, па можеби ќе прочита “стручниот” наставен кадар од ОУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – Битола, кој до крај го малтретираа, го поттурнуваа, го деградираа и ни еден атом енергија не посветија за негов напредок. Јас знам дека Господ гледа и ќе си ги дава според заслугите. Да живее Република Македонија и нејзините синови!“, напиша Јасна.

