Фото: Принтскрин
Патниците кои од денеска патуваат кон Европската Унија треба да бидат подготвени за подолги гранични проверки. Причината е укинувањето на привремените олеснувања при спроведувањето на европскиот систем за влез и излез (ЕЕС).
Тоа значи дека на граничните премини повеќе нема да може привремено да се прескокнуваат биометриските проверки во периоди кога има големи метежи. Патниците ќе треба да поминат низ скенирање на лицето и земање отпечатоци од прсти, што може да влијае врз времето на чекање.
Според податоците од авиоиндустријата, обработката на еден патник која претходно траела околу 20 секунди, со ЕЕС може да достигне и до 90 секунди.
