Познатиот српски рапер и автор Слободан Вељковиќ, попознат како Цоби, стапил во брак со пејачката Катарина Кардозо, позната како Кат Доза. Двојката, која со години внимателно го чуваше својот приватен живот, организирала интимна свадбена прослава во винарница во Прокупље.
Фотографии и видеоснимки од веселбата почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, откривајќи дел од атмосферата од големиот ден.
Невестата се одлучила за поинаков изглед, па наместо класична долга венчаница, носела краток бел фустан украсен со светкави детали. Цоби, пак, бил облечен едноставно и елегантно – во бели кошула и панталони.
Свадбената декорација била сведена и ненаметлива, во согласност со интимниот карактер на прославата. Но, иако почетокот бил релативно мирен, забавата подоцна станала многу пожива.
По сечењето на свадбената торта следел огномет, а вистинската еуфорија започнала кога на прославата пристигнале трубачи. Младенците и гостите се фатиле на оро и продолжиле со веселбата до доцните часови.
Врската меѓу Цоби и Кат Доза првпат привлече внимание во јавноста во 2024 година. Интересно е што нивната соработка во музиката претходела на љубовната приказна.
Цоби, заедно со Бојана Вунтуришевиќ, ја напишал песната „Тајни зачин“, со која Кат Доза настапила на изборот за српски претставник на „Песна за Евровизија“ во 2024 година.
Иако нивната професионална соработка беше позната, двајцата не сакаа јавно да зборуваат за својот однос. Со тоа, љубовната приказна долго време остана далеку од медиумското внимание.
Веста ја пренесува Blic.rs
Видеото може да го погледнете тука!



