Фото: Принтскрин
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров кажа дека обвинувањата на Западот дека Москва е вмешана во инцидентот со дрон на германскиот аеродром во Лајпциг претставува „објава на војна“.
„Оваа изјава на Мерц за тоа дека Германија треба да стане водечка воена сила во Европа – се спроведува во пракса. Тој ни објавува војна“, кажа Лавров, а пренесува „ТАСС“.
Владата на Германија на 1 септември соопшти дека заклучила дека Русија е одговорна за обидот за напад со дрон на аеродром во Лајпциг минатиот месец.
Русија, од друга страна, ги отфрли обвинувањата како неосновани.
