Невремето што синоќа го зафати Скопје предизвика промена на планот за летот од Цирих кон македонската престолнина.
Авионот на „Еделвајс“, кој полетал од Цирих во 18 часот, според планираниот распоред требало да пристигне на скопскиот аеродром околу 20 часот.
Сепак, по пристигнувањето во близина на Скопје, лошите временски услови не дозволиле безбедно слетување. Авионот околу 20 минути кружел над подрачјето, по што пилотот донел одлука леталото да биде пренасочено кон Приштина.
Особено внимание привлекува фактот што меѓу патниците имало голем број македонски државјани, кои наместо во Скопје, синоќа пристигнале на аеродромот во Приштина.
Засега не се познати дополнителни детали за тоа кога патниците ќе продолжат кон Скопје.
Веста ја пренесува Newz24live.com
