Фото: ChatGPT
Жителите на Скопје и околината вечерва почувствуваа земјотрес со епицентар во епицентралното подрачје на Скопје.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 21 часот и 54 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML 2,5.
Земјотресот бил почувствуван во главниот град и околните населени места со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, а надлежните институции продолжуваат со следење на сеизмичката активност во регионот.

