Фото: Chat GPT
Повеќе граѓани вечерва пријавија дека почувствувале земјотрес во главниот град и во повеќе делови од Македонија.
„Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентрално подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.
Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ.
