Помал земјотрес е регистриран претпладнево во југозападниот дел на Македонија, со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала.
Според достапните информации, епицентарот бил лоциран во околината на Струга и селото Подмоље, на длабочина од околу 15 километри. Сеизмичкиот настан е евидентиран во 11:28 часот.
Поради слабата магнитуда, потресот бил почувствуван само од мал број жители во охридско-струшкиот регион. Засега нема информации за причинета материјална штета.
Веста ја пренесува 4news.mk
