Шокантна снимка од безбедносните камери го откри моментот на страшната сообраќајна несреќа што се случила на наплатна станица на автопатот Говернадор Адхемар Переира де Барос (СП-340), во близина на Јагуариуна, Бразил.
На снимката се гледа како автомобилот со голема брзина се движи кон наплатните кабини, по што со жесток удар удира во конструкцијата. Од силата на судирот возилото се крева во воздух, а покривот на наплатната рампа се урива.
Возачот, за жал, не успеал да преживее и го загубил животот на местото на несреќата.
Надлежните служби продолжуваат со проверка на околностите што довеле до оваа тешка трагедија.
Веста ја пренесува Aa_macedonian.
