Дамјан успешно ја помина долгоочекуваната операција, но неговата борба продолжува со уште поголема сила. Наместо мирен период на закрепнување, се појавија сериозни компликации. Неговото тело тешко ја поднесува терапијата, а поради влошената здравствена состојба повторно е примено на болничко лекување.
Секој ден за Дамјан претставува нов предизвик, но тој не се откажува. Со огромна храброст и волја продолжува да се бори, чекор по чекор, кон своето оздравување.
Сега е моментот повторно да покажеме дека хуманоста нема граници. Нашата поддршка може да му помогне да ја продолжи оваа тешка животна битка и да му даде надеж за подобро утре.
Донирајте и споделете ја неговата приказна. И најмалиот придонес може да направи голема разлика и да го приближи Дамјан до закрепнување, се вели во апелот на ECrowd.mk
