Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Хероите не се вратија дома: Тројца пожарникари го загубија животот во пеколните пожари во оваа земја!

Gladiator 30/07/2026

Разорните шумски пожари продолжуваат да пустошат во повеќе региони низ Грција, а најкритична е состојбата на јужниот дел од островот Крит, особено во областа Ретимно. Огнената стихија, поттикната од силни ветрови, веќе втор ден им создава огромни проблеми на противпожарните екипи. Сериозна е ситуацијата и на островот Парос, каде пожарите сè уште не се ставени под целосна контрола.

Ветровите, кои на моменти достигнуваат брзина и до 125 километри на час, значително ја отежнуваат борбата со огнот. Поради опасните временски услови, хеликоптерите и останатите воздушни летала не можат безбедно да интервенираат. И покрај неколкуте обиди за полетување, екипите не успеале да се доближат до најзагрозените подрачја.

Најтешко е во пределот меѓу Агија Параскеви и Лакумија, каде пламените јазици со голема брзина се шират низ ниската вегетација. Во гаснењето се вклучени 224 пожарникари, 53 противпожарни возила и 11 специјализирани тимови за шумски пожари.

Трагедијата ја одбележаа и човечките загуби. Двајца пожарникари, на возраст од 25 и 58 години, загинаа во јужниот дел на Ретимно откако останале заробени во противпожарното возило. Поради густиот чад ја изгубиле ориентацијата и не успеале навреме да се извлечат.

Третиот пожарникар, 27-годишен припадник на службата, починал за време на интервенција во областа Гитион на Пелопонез, како последица на здравствени компликации.

За денеска се најавени погребите на двајцата загинати пожарникари од Крит, на кои ќе присуствуваат и претставници на грчката влада.

Поради брзото ширење на пожарите, во текот на ноќта биле евакуирани околу 8.000 жители и туристи од неколку населени места во регионот Ретимно, меѓу кои и популарното туристичко место Агија Галини.

Дел од евакуираните се сместени во спортска сала во општината Фестос, додека останатите добиле привремено засолниште во хотели и други безбедни објекти.

Според грчките власти, утринава започнало постепено враќање на дел од туристите во нивните сместувачки капацитети, додека жителите и посетителите од најризичните области сè уште остануваат на сигурни локации. Во меѓувреме, надлежните служби работат на обновување на оштетената електроенергетска и патна инфраструктура.

Пожарот во областа Ситија, на источниот дел од Крит, е ставен под контрола и повеќе не претставува директна закана за населените места. Сепак, пожарникарите остануваат на терен за да ги изгаснат преостанатите жаришта.

На островот Лезбос, во регионот Пломари, во моментов нема активен пожарен фронт, но екипите и натаму дежураат поради опасноста од повторно избувнување на пожарите, предизвикано од силните ветрови.

Портпаролот на грчката противпожарна служба порача дека и покрај големата трагедија, борбата со огнената стихија ќе продолжи.

„Нема да се откажеме. И покрај болката што ја чувствуваме, наш приоритет останува заштитата на граѓаните, туристите и сите посетители“, изјави тој.

Надлежните предупредуваат дека опасноста од нови пожари и денес останува исклучително висока, особено на Крит, каде екстремните временски услови и силниот ветер и понатаму претставуваат сериозна закана.

Веста ја пренесува Serbian.times

Tags: Крит пожари пожарникари

Continue Reading

Previous: Итно: Да ѝ дадеме шанса за живот на 24-годишната Теодора – млада мајка со бебе од 18 месеци!
Next: Дамјан повторно се бори – сега му требаме повеќе од кога било!

Најново

  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!
  • Добра вест за возачите: Горивата значително поевтинуваат од полноќ

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

10/08/2026
(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

10/08/2026
(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

10/08/2026
Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

10/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!
  • Добра вест за возачите: Горивата значително поевтинуваат од полноќ

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.