Според сознанија кои што се појавија на социјалните мрежи 19-годишниот Андреј Танасковски, кој минатата година беше предмет на меѓународна потерница распишана од црногорските власти, наводно престојувал во Барселона.
Изворите наведуваат дека Танасковски бил забележан на приватен настан во шпанската метропола, каде што, според нивните тврдења, бил во друштво на лица од повеќе балкански држави. Во моментов нема официјална потврда за овие информации ниту од шпанските безбедносни институции, ниту од надлежните органи во Црна Гора.
Неговото име стана познато во регионалните медиуми откако црногорската полиција распиша потерница во рамки на истрага поврзана со вооружен инцидент што се случил на територијата на државата. Во јавноста случајот беше поврзуван и со лице кое одредени медиуми го доведуваа во врска со Шкаљарскиот клан.
Доколку се потврдат наводите за неговото присуство во Барселона, случајот би можел повторно да се најде во фокусот на регионалните и европските безбедносни служби, со оглед на интересот што го предизвика во изминатиот период.
Веста ја пренесува Podzemje.mk
