Нова видео-снимка го документира трагичниот инцидент што се случил на 5 јуни во населбата Тел Румејда во Хеброн, при кој животот го загубило седуммесечното бебе Сам Абу Хајкал.
Според достапните информации, семејството се враќало кон својот дом кога израелски војник им наредил возилото да го запрат. Во моментот кога автомобилот забавувал, било отворено оган кон него.
Во инцидентот биле повредени и родителите на бебето. Мајката на Сам и понатаму се наоѓа на болничко лекување поради здобиените повреди.
Сведоштва наведуваат дека по пукањето, војникот и негов колега го напуштиле местото на настанот без да ја проверат состојбата на тешко повреденото бебе и без да укажат каква било помош.
Веста ја пренесува Trtbalkanbhsc.
