Фото: Принтскрин
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски објави дека му честитал на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, која победи на изборите.
„ Денес телефонски разговарав со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија. Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува.
Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“, објави Мицкоски.
