На социјалните мрежи се појавија фотографии и реакции од граѓани кои тврдат дека веќе три месеци на гробиштата во Бутел се соочуваат со истиот проблем. Според нив, просторот е оставен без соодветно одржување, иако редовно плаќаат надомест за грижа и уредување на гробиштата. Граѓаните бараат надлежните институции да преземат мерки и да обезбедат достоинствен изглед на местото каде што почиваат нивните најблиски.
Веста ја пренесува Infomax.mk



