Фото: Принтскрин
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за „Скај Њуз“ кажа дека „замрзнување на линиите на фронтот на моменталните позиции“ би значел најбрз пат кон крај на војната, но нагласи дека тоа не би смеело да биде трајно решение кое ќе овозможи нова ескалација.
Според неговите зборови, такво сценарио може да послужи како привремен чекор кон дипломатски процес.
„Не е идејата само да се замрзнат позициите, туку да се премине во дипломатски процес. Тоа е најбрзиот начин“, кажа Зеленски.
