Во Бангладеш, редок албино бивол, познат по својата руса грива и необичен изглед, доби надимак „Доналд Трамп“ и беше спасен од колење во последен момент за време на празникот Курбан Бајрам.
Животното, тежинско околу 700–750 килограми, стана вистинска сензација на интернет откако неговите фотографии и видеа почнаа масовно да се споделуваат на социјалните мрежи.
Поради огромниот интерес од јавноста и посетителите кои сакаа лично да го видат, властите во Бангладеш одлучија да интервенираат и да го поштедат биволот од жртвување.
Сега, „Доналд Трамп“ ќе биде преместен во Националната зоолошка градина во Дака, каде што ќе добие соодветна нега и внимание.
Веста ја пренесува Канал 5 Телевизија.
