Фото: Facebook/Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT
Македонската натпреварувачка Мила Рељиќ уште еднаш ја израдува Македонија, откако освои бронзен медал на Европскиот Президент Г-3 Куп во Нирнберг, Германија.
Рељиќ во полуфиналето беше поразена од олимписката шампионка Вивијана Мартон, но освоениот бронзен медал ѝ носи поени за олимписката ранг-листа.
Рељиќ со овој успех ќе додаде бодови кои треба да и помогнат во битката за пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес, кои се закажани за 2028 година.
