Во центарот на Љубљана минатата недела беше пронајдено безживотното тело на 38-годишен македонски државјанин, Стојче Ѓоргиев.
Словенечката полиција потврди дека мажот починал како последица на насилна смрт.
По спроведената истрага, во притвор заврши 20-годишен Словенец, кој е осомничен за убиството.
Како што пренесуваат словенечките медиуми, станува збор за млад спортист од Љубљана, кој претходно се занимавал со фудбал, а во поново време и со бокс. Според информациите на весникот „Дневник“, тој сам се пријавил во полиција и изјавил дека нокаутирал човек во центарот на градот.
