Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Моторџијата кој го прегази дедо Југо призна вина, но негира дека избегал без да помогне

Gladiator 10/10/2025

Пред Основниот суд денеска се појави Фатон Љури – лицето кое на 1 јули со мотор го удри скопјанецот Југослав Николовски, познат меѓу соседите како дедо Југо. Љури пред судот потврди дека токму тој го предизвикал судирот, но истовремено нагласи дека не ја напуштил местото без да укаже помош.

„Се чувствувам виновен за несреќата, никој не сака вакво нешто да се случи. Изразувам искрено сочувство до семејството. Му укажував помош, таму беа и двајца полицајци,“ изјави тој во судницата.

Од Обвинителството, пак, тврдат спротивно – дека по несреќата Љури го оставил повредениот Николовски да лежи на патеката облеан во крв и се оддалечил од местото. Тие истакнаа дека ќе докажат дека моторџијата го прегазил Николовски додека тој излегол да фрли ѓубре и потоа избегал, оставајќи го мотоциклот зад себе.

„Иако Николовски бил во тешка состојба, обвинетиот го напуштил местото и не укажал никаква помош. За разлика од него, неговиот сопатник Ибрахим Хамза, иако повреден, останал таму и чекал да пристигне полицијата и итната помош,“ рече обвинителката.

Несреќата се случила доцна вечерта на 1 јули. Од ударот Николовски се здобил со тешки телесни повреди и починал следното утро, додека сопатникот на моторот поминал со полесни повреди. Љури, според истрагата, пеш го напуштил местото на настанот.

Полицијата утврдила дека обвинетиот и во минатото имал прекршоци – едно дело за насилство во 2016 година и прекршок за непочитување на ковид-мерките во 2021 година.

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: Трамп сака да исклучи една земја од НАТО!?
Next: Уапсен осомничениот за убиството на Македонецот Стојче Ѓоргиев во Словенија – медиумите откриваат дека е спортист

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

10/11/2026
Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

10/11/2026
„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

10/11/2026
Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

10/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.