Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека НАТО би можел да разгледа можност за исклучување на една од своите земји-членки. Во јуни, земјите на Алијансата се согласија значително да ги зголемат воените трошоци – на ниво од пет проценти од бруто домашниот производ, со што го исполнија барањето на Вашингтон европските партнери повеќе да инвестираат во сопствената одбрана.
Сепак, шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека неговата влада нема да се обврзе на оваа цел, оценувајќи ја како неспоива со моделот на социјална држава и политичката визија што ја застапува Шпанија.
На средбата во Белата куќа со финскиот претседател Александар Стаб, чиеа земја е една од најновите членки на НАТО, Трамп нагласи дека европските лидери треба да ја убедат Шпанија да ги засили своите обврски кон Алијансата.
