Тетовец и малолетна девојка се здобиле со телесни повреди откако возило излетало во реката Вардар во тетовскиот регион.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила синоќа, кога во 19:40 часот било пријавено дека на локалниот пат кој води кон село Челопек, близу мостот над реката Вардар, патничкиот автомобил „голф“ со скопски регистарски таблички, управуван од 39-годишниот Т.М. од Тетово, излетал во водите на реката.
Во инцидентот, како што потврдуваат од Министерството за внатрешни работи, возачот и една малолетна сопатничка се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница во Тетово за понатамошна медицинска помош.
