Министерот за здравство, Арбен Таравари, потврди дека трагедијата во Кочани однела уште една жртва. Тој изјави дека пациентот, кој беше на лекување во Литванија, имал 40% изгореници и дека на 1 април му откажале бубрезите, по што бил ставен на дијализа.
На крајот, тој ја загубил битката за животот. Според првичните информации, се работи за Александар Карадакоски, управител на дискотеката „Пулс“.
„Пациентот беше еден од четворицата кои се наоѓаа во критична состојба. Неговата состојба беше многу сериозна – 40% од неговото тело беше покриено со изгореници. Главниот проблем беше инфекцијата, која се појави поради големата површина на повредите. Од 1 април му откажа работата на бубрезите, практично беше ставен на дијализа. За жал, утрово ја добив лошата информација дека тој починал“, кажа Таравари.
