Српската пејачка Марина Висковиќ, која важи за една од најзгодните личности на српската естрада, неодамна се врати од својот одмор на Малдивите и продолжи со работата со цела енергија.
„Малдивите за мене се вистински рај на земјата. Таму одморам максимално, а ако можам, би останала да живеам таму“, изјави Марина во интервју за емисијата „Сцена“.
Марина неодамна ги изненади своите обожаватели кога сподели дека месечно не може да преживее без минимум 9.000 евра.
