
Фото: Принтскрин
Во Скопје, денешните трки се одржаа на познатата патека на Средно Водно, каде што љубителите на трчањето имаа можност да се натпреваруваат во две дистанци.
Трката од 5 километри започна во 10:00 часот, додека учесниците на 10-километарската патека стартуваа еден час подоцна, во 11:00 часот.
Настанот не се одвиваше само во главниот град – истовремено трки се одржаа и во уште шест града ширум државата: Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово.
Организаторите се погрижија трките да бидат достапни за сите генерации и категории – од професионални спортисти и аматери, до рекреативци и граѓани од различна возраст.