Необична глетка привлече внимание на денешниот Скопски маратон. Меѓу бројните учесници кои се појавија на стартот и ја поминаа трасата низ главниот град, беше и човек облечен во униформа на Македонската фаланга.
Неговата појава во историски препознатлива воена униформа не остана незабележана.
Скопските улици денес беа исполнети со маратонци, а меѓу нив се најде и учесникот кој со својот специфичен изглед внесе историски симбол во спортскиот настан.
Појавата на униформираниот учесник беше еден од интересните моменти што го одбележаа денешното издание на маратонот.
Веста ја пренесува 4news.mk
