По истекот на договорот со Дирекцијата за заштита и спасување, пилотот на „Ер трактор“ Васко Михалчев ја завршува својата ангажираност во институцијата.
Михалчев беше дел од тимот што со своето искуство и професионалност учествуваше во воздушните интервенции и гаснењето на пожарите. Неговото заминување од ДЗС беше одбележано со благодарност и почит од страна на директорот Ангелов.
Во продолжение погледнете го целосниот видео прилог, со инсерти и разговор со Васко Михалчев, како и краткиот видеоклип посветен на неговото заминување.
