Две жени се уапсени во Србија во рамки на истрага за сомнително доставување разузнавачки информации до странски служби.
Едната од приведените е 46-годишна жена од Шилово, во општина Гњилане. Според сомнежите на истражните органи, таа наводно пренесувала информации поврзани со активни припадници на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) до албанската разузнавачка служба ШИШ. Во истрагата се проверува и дали дел од информациите стигнувале до разузнавачки структури на Косово.
Акцијата во Врање била спроведена заеднички од БИА, Вишото јавно обвинителство во Јагодина, како и полициските управи во Врање и Јагодина.
Во продолжение на акцијата, во Јагодина била приведена и 50-годишна жена. При претресот кај неа биле пронајдени и одземени електронски уреди, за кои надлежните органи се сомневаат дека можат да бидат поврзани со истрагата.
Двете жени се товарат под сомнение за шпионажа, кривично дело предвидено во член 315 од Кривичниот законик на Србија.
Надлежните органи сега треба да ги утврдат сите околности на случајот – какви податоци биле пренесувани, во кој период, на кого биле доставувани и на кој начин се одвивала комуникацијата.
Веста ја пренесува Eho.mk
