Тешка несреќа вчера го потресе селото Требовиќ, во близина на Пеќ, каде животот го загуби тригодишно дете.
Според првичните информации, детето се наоѓало во дворот кога врз него паднала тешка метална капија, при што било приклештено и тешко повредено.
И покрај укажаната помош, детето не ги преживеало повредите. Несреќата го зави во црно семејството Абази, кое се соочува со огромна загуба.
Засега не се познати сите детали за тоа како дошло до паѓањето на капијата. Надлежните органи извршуваат увид, а дополнителната истрага треба да ги утврди точните околности и причините за несреќата.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот и официјалните проверки.
Веста ја пренесува Juzno.rs
